Вчеравечер публиката имаше можност да погледне ексклузивно стендап шоу, „Best of sand up“, на бродот Армада и да ужива во посебна вечер со стендап комедија на сред Охридско Езеро.

Публиката погледна шоу под отворено небо, на вода, со најдоброто од комичарите Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Зоран Донев, Јован Цветкоски и Илија Богданоски.

Одлична комедија, езерска атмосфера и настап што не личеше на ниту една класична стендап вечер.

„Best of stand up“ повторно ќе биде изведено на 8 август во Џез Ин.

„Summer Comedy Marathon 2026“ продолжува во препознатливиот ритам најавувајќи уште едно несекојдневно комично доживување.

Вечерва со почеток во 20 часот, во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде изведено театарското шоу „Импровокација“, каде што секоја сцена се создава во моментот и никогаш повеќе не се повторува.

На сцената ќе ги видиме искусните импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола Јосифоски – Чиче, Филип Ангеличин Жура.

Фото галерија:

 

OhridNews

фото: А. Момироска