Голем број верници вечерва присуствуваа на свеченоста по повод празникот Благоец во Благовештенскиот манастир во населба Рача.
Точно на полноќ се освети вода и се кршеше празничен колач. Кум на годинешната прослава беше бизнисменот Митко Крстаноски.
Традицијата датира од 1947 година после поплавата која го зафатила манастирот и оттогаш се осветува вода на полноќ.
По повод Благоец денеска, четрток, во катедралниот храм „Света Софија“ (9.00ч.), ќе се служи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски Тиметој.
OhridNews


















