Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, Кејот „Маршал Тито“ беше блокиран за сообраќај.

Само неколку стотини метри од хотелот Палас, механизација која се користи за изградба на станбен објект, го стави вон функција дел од кејот без соодветна сигнализација.

Поради градежните зафати отежнато се одвиваше сообраќајот во овој дел од градот.

О.Т.