Охридскиот фудбалски клуб, ги направи последните подготовките пред утрешниот бараж натпревар со Ренова за учество во Првата македонска фудбалска лига, тренирајќи на терените од Фудбалската федерација на Македонија.

Предводникот на „рибарите“, Драган Бочески им ги додели последните совети на своите избраници, кои утре го играат назначајниот натпревар во поновата фудбалска историја во Охрид.

Охриѓани во баражот билет обезбедија со завршување на вицешампионската позиција во Втората МФЛ-запад додека популарните „гипсари“ во баражот ќе играат откако не успеаја да обезбедат опстанок во регулатниот дел од сезоната во Првата лига.

Утрешниот меч ќе го суди кичевчанецот Александар Грујоски. Мечот се игра во 16 часот.

Мх.П.

 

Фото: „Рибарите“ комплетни отпатуваа за Скопје во битка за прволигашкиот билет

Бараж: Ренова – Охрид за Александар Грујоски, Марјан Ецкоски на центарот на Арената