Охрид вечерва уште еднаш потврди дека зимава е епицентар на добрата забава во Македонија. Неколку илјади љубители на музиката присуствуваа на концертот на балканската ѕвезда Сергеј Четковиќ, што се одржа на плоштадот во Охрид. Настапот на црногорскиот музички уметник беше дел од проектот на локалната самоуправа „Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“, во рамки на кој синоќа настапија уште и Ѓоко Танески, како и повеќе други локални музичари и диџеи. Тие одлично ја загреаја атмосферата пред настапот на Сергеј Четковиќ кој на публиката и приреди вистинско музичко уживање.

Културно забавна манифестација „Од 20 до 20 сите во Охрид“ предвидува уште два одлични концерти. На Стара нова година, на 13-ти јануари во Охрид ќе настапи Љубојна, а на Водици, на 19 јануари Фолтин.

OhridNews
фото: „Мега продукција“