Екипата на Брегалница исто како тимот на Пелистер ден пред мечот од 20-та рунда од Првата македонска фудбалска лига пристигна во Охрид. Штипските сини го почуствуваа тревникот на Атина Бојаџи одржувајќи полесен тренинг.


– После поразот од Ренова на домашен терен екипата се наоѓа во многу тешка сутиација, но не смее ниту да помислиме да се предадеме. Во Охрид против Пелистер ќе играме максимално ангажирано и се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат. – изјави Здравко Цветаноски.


Во пресрет на дуелот во Охрид, Брегалница со 11 бодови се наоѓа на последната позиција, додека битолските зелено бели со 30 поени го заземаат четвртото место на табелата во елитата.

Фотогалерија:

Брегалница со свои математики допатуваат во Охрид.

Мх.П.