Вчеравечер публиката во Jazz Inn уживаше во стендап вечер со црн хумор, остри шеги, непријатна смеа и комедија што оди таму каде што другите не сакаат ни да погледнат.

Вечерва во Cuba Libre продолжува „Summer Comedy Marathon” со стендап шоу „Треба да разговараме“ кое ќе донесе вечер со искрен хумор, директни муабети и комедија што отвора теми за кои сите имаме што да кажеме.

Подгответе се за вечер со многу смеа, добра атмосфера и комедија што оди директно во суштината, велат организаторите.
Ова шоу е само со резервации на телефонскиот број 075 283 066 и истото не се препорачува за лица под 16 годишна возраст.
Фото галерија:
OhridNews
фото. А. Момироска
























































