Украинскиот спортски ас, промоторот на атлетскиот митинг Охрид 2010, Сергеј Бубка и покрај неповолните временски услови можеше да ужива во убавините во Охрид. По прошетката низ сокаците, каде му беше раскажана приказната за Уранија и ќуката на Робевци, организаторите му ја исполнија желбата да ги види охридските цркви.


Покрај набиената агенда харизматичниот Бубка, своето “слободно“ време во Охрид го искористи да се вози со велосипед на патеката кај Горица.

М.П.