Дваесет дрва од видот „Prunus cerasifera nigra“ – Црвена слива, беа посадени денеска во центарот на Охрид.

Генералниот директор на ТАВ Македонја Неџат Курт и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, дел од акцијата за озеленување на Охрид. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Еколошката акција која се спроведува втора година по ред во Охрид, има за цел озеленување на животната средина и подигнување на јавната свест, а се реализира на иницијатива на ТАВ Македонија во соработка со Секторот за животна средина и управување со отпад при Општина Охрид и ЈП Охридски Комуналец Охрид.

Дел од дрвцата се посадени на булеварот „Македонски Просветители“, дел на „Партизанска“ наспроти поштата, а две стебла ќе го красат градскиот парк.

Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, вработени во компанијата, општината и јавното комунално претпријатие.

Г.М.
Фото: А. Момироска