Цвеќето се смета за универален подарок со кој се оддава почит и внимание кон припадничките на понежниот пол, вообичаено за Денот на жената, 8-ми Март. Цветната магија присутна е насекаде низ градот.
Во пресрет на празникот на градскиот плоштад се поставени тезги на кои може да се купи најразлично цвеќе од каранфили, ружи, па се до кактуси, орхидеи, бамбусни дрвца и секаков вид на саксиско цвеќе. Покрај цвеќињата може да се најдат и бројни радновидни украси.
Цветниот амбиент со поизразен интензитет може да се забележи и во цвеќарите низ градот, а богата е 8-мартовската понуда и низ низ маркетите, каде покрај цвеќиња се нудат и бројни производи за домаќинство, паричници, чанти, парфеми, книги, како и слатки задоволства.
И рестораните долж Охридската ривера во пресрет на празникот нудат 8-мартовски менија и музичка понуда за сечиј вкус.
Празничниот викенд се очекува да го наполни Охрид со гости, пред се со припаднички на понежниот пол кои веќе пристигаат за тука да го минат 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
Зголемена раздвиженост веќе се забележува низ чаршијата, а во прилог оди и најавата за сончево време, кое гостите ќе можат да го искористат за прошетки покрај кејот, низ чаршијата, стариот дел на градот, како и да уживаат во убавините на градот седејќи во некој од угостителските објекти.
Инаку, 8-ми Март е Меѓународен ден на жената, со кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Иницијативата за ден, посветен на сите жени на втората меѓународна конференција на жените социјалисти во 1910 година во Копенхаген дала феминистката Клара Цеткин, а за прв пат тој е одбележан на 19 март 1911 година. Во 1975 година со Повелба, ОН предложија за Меѓународен ден на жената да се одбележува 8-ми Март.
Фудбалерите на Охрид Лихнидос попладнево забележаа висока победа во заостанатиот натпревар против Големо Коњари на гости 0:9 Стрелци на головите за Охрид беа Иван Глигоров кој постигна хет-трик, на...
Во организација на локалната самоуправа денеска во Охрид се одржа работилница за Локална мобилизација и Форум за Западен Балкан Настаните се во рамки на проектот „RECIRCLE MED“, кој се имплементира...
На Меѓународниот ден на лицата со попреченост директорката на СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо” Струга, Бесиме Јонузи, наградена за посебни достигнувања во инклузивното образование на настанот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.