Огледало со сообраќаен знак за задолжителен правец на движење за возила на пресекот од улиците „Лазо Трпоски“ и Ванчо Питошески“, кај продавницата „Тамаро“ во населбата „Билјанини извори“, извесен период пркоси на гравитацијата.
Огледалото е од исклучитечна важност за безбедно одвивање на сообраќајот на овие улици, дотолку повеќе што дел се еднонасочни, но знакот е толку навален што ја губи фунцијата. Дополнителна опасност постои и по пешаците кои секојдневно минуваат тука.
Г.М.