Снежната покривка во општина Дебрца на места надминува еден метар. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека сите патни правци во општината се проодни за сообраќај освен тој во  с.Црвена вода кој вчера почна да се чисти. Под снег е и магистралниот пат Охрид – Скопје, а поради висината на снегот тешко забележливи се и сообраќајните знаци. Поради снежното невреме животот во Дебрца се одвива крајно отежнато.


Дебрца под снежна покривка

OhridNews