Раководството на кошаркарскиот клуб Колибри им подготви изненадување на најмладите членови откако на последниот тренинг за годинава ги посети Дедо Мраз.


Тој им подари пакетчиња на сите членови и беше дел од ревијалните натпревари кои ги одиграа најмладите членови.


Од клубот на сите спортски екипи и спортисти им посакуваат среќна Нова година и многу успех во 2016 година.

Ohridnews