Во охридската градинка „Јасна Ристеска“ вчера беше организирана традиционалната предновогодишна приредба на која со свои музички и танцови точки посветени на Новата Година и зимата, настапуваа дечиња од сите возрасни групи.
Во рамки на приредбата децата имаа прилика да се дружат и со Дедо Мраз кој им подели новогодишни пакетичиња.
Инаку дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ се дел од дванаесетдневната предновогодишната програма на која се одржува на охридскиот плоштад во организација на општина Охрид.
OhridNews
Фото: Емилио