На прагот на календарскиот почеток на зимата, Охрид викендов се капеше во сонце. Во прекрасното време уживаа многубројните туристи, а декемвриското сонце ги измами и охриѓани на прошетка. Низ маалата се слушаше детски џагор, а падна и по некоја партија баскет и фудбал. Повозрасните уживаа со кафе на многубројните тераси покрај мирното езеро, кое пленеше со неверојатна убавина.


Декември облеан во сонце

Г.М.