Рампите од паркинзите во централното градско подрачје се демонтирани. СВР Охрид неодамна од Локалната самоуправа побара да се отстранат рампите во центарот на градот со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот  и протокот на возила. По отстранувањето на рампитеи  наплатата на паркинг во строгиот центар на градот ја вршат овластени работници на концесионерот.


Неодамна, градоначалникот на Охрид најави дека наплатата на паркингот во Охрид во иднина ќе се врши на нов, софистициран начин на плаќање, а ќе се воведе и зонирање.

OhridNews