Со богата програма која почна вчера, во Охрид се одбележа Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни.
Во рамки на одбележувањето на плажата К’ј Дивоно се одржа дефиле на едрилици.
Фестивалот „Balkan Music Square“ кој оваа година се одржува во склоп на прославата на Денот на Езерото, на плоштадот Долна порта денеска настапија Дамјан Пејчиноски, Николче Милески, Љубојна и гостинката од Албанија Алба Далјани.
Денот на Езерото свечено одбележан во Охрид
OhridNews
Фото: А.Момироска