На околу 8000 метри квадратни простор своите „марки“ ќе ги понудат познати производители на пиво од земјава и странство, а организаторот очекува настанот да го проследат околу 120.000 посетители.
-Охридскиот Пиво фест не е комерцијален настан. Тој е можност за промоција сите брендови на пиво во Македонија да ги претстават своите производи по пониски цени, а сето тоа ќе биде проследено со извонредна богата музичка понуда, изјави Даниел Димитровски, од „Герила маркет“ – организатор на фестивалот.
Димитровски смета дека врвот на туристичкиот шпиц, кој вообичаено е околу Илинден, е најдобриот термин за одржување на Пиво фестот во Охрид, иако во јавноста преовладува и мислење дека ваквите манифестации треба да се одржуваат на почетокот или крајот на летото, со цел да се продолжи сезоната.
-Овој настан треба да биде во ек на сезоната, бидејќи не знам дали воопшто е возможно сите учесници да партиципираат во нешто каде нема туристи, односно голема публика, истакна Димитровски.
Пиво фестот „Охрид 2011“ трае до 31-ви јули.
фото: Васко Бујароски