Во време на засилена урбанизација кога секоја слободна површина се претвора во градежна парцела за децата останува многу малку простор за играње. Новоизградените станбени објекти немаат ниту парк ниту зеленило, а камо ли игралиште за деца. Онаму пак каде што имаше игралишта и паркови со враќање на имоти по основ на денационализација сега се градат или ќе се градат деловни објекти и згради за домување. Се додека е така децата ќе ги гледаме како играат незаштитени на улица.


фото: Васко Бујароски