Никој не може да исчисти колку што можеме да извалкаме. Уште еден пример за тоа е новата дива депонија на влезот од Охрид покрај булеварот „Tуристичка“, каде неодговорен граѓанин исфрлил се што му било вишок при реновирањето, а таму го „оставил“ и стариот електричен шпорет.

И покрај бројните акции за подигање кабаст отпад и за расчистување на дивите депониии, се чини дека еколошката свест кај некој граѓани на Охрид се’ уште е на исклучително ниво, поради што е неопходен поинаков пристап во борбата за чиста животна средина, но и поригорозни казни за неодговорните поединци.

OhridNews