Неповолните временски услови и дождот кои го зафатија Охрид во изминативе денови, не претставуваат пречка за охридските спортски риболовци да ја покажат својата умешност на неколку локации крај езерото.
Како што велат охридските рибари, кај трската во непосредна близина на Холандскиот парк, застапени се примероци на крап, а рибата најмногу гризе на пченка. Исто така, спортски риболовци можат да се забележат и кај каналот „Студенчишта“, каде традиционално се лови плашица и грунец.
O.T.