Иако во изминатиот период екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на расфрланиот отпад од поранешниот полигон за мали спортови, сепак се уште оваа локација е „идеално“ место за депонирање на сметот.
Како што и претходно напоменаа од општина Охрид, сопствениците на приватен имот кој од различни причини не е уреден и на него се депонира отпад, потребно е самите да го одржуваат, или да склучат договор со општинското комунално претпријатие, во спротивно, општинскиот инспекторат ќе преземе соодветни мерки, согласно законските прописи.
OhridNews