Топлото сонце и одличното време во Крагујевац, фудбалерите на “Фер плеј“ и останатата екипа го искористија за прошетка и разгледување на градот. “Клинците“ прво го посетија Аквариумот, а потоа се прошетаа низ “зелениот парк“ на градскиот плоштад.




Екипата на Фер Плеј во Крагујевац имаше несекојдневна прилика да биде во градот за време на одбележувањето на патронот на градот. На свечениот ручек на “Сајмиште“ присуствуваа бројни  делегации,  а младите охриѓани беа посебно поздравени и тоа со громогласен аплауз.




Мх.П.