Експлозија на интеракција, импровизација и хумор донесе вчерашното шоу „Nitro 2 Live“ кое беше изведено во рамки на „Summer Comedy Marathon“.

Стенд ап комичарите Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски приредија извонредно шоу во кое публиката беше ѕвезда на вечерта.

Најексплозивното интерактивно шоу „Nitro 2 Live“ публиката ќе може да го погледне уште во два термини на 4 и 12 август во Џез Ин со почеток во 20 часот.

Билетите по цена од 300 денари може да се набават преку hahaha.mk или да се резервираат на тел: 075/283-066.

Фото галерија:

Експлозија на интеракција, импровизација и хумор донесе шоуто „Nitro 2 Live“

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска