Охриѓани синоќа на градскиот плоштад им приредија величествен пречек на играчите и стручниот штаб на ГРК и заедно го прославија освојувањето на шампионската титула во ЕХФ Европскиот куп.
Во нивна чест “Рибари” приредија пиротехничко шоу, додека од илјадниците грла ечеше легендарната “Лихнида кајче веслаше”.
Пред присутните се обратија играчите Дарко Ѓукиќ, Кристијан Пилиповиќ и капитенот Гоце Ојлески, тренерот Борис Ројевиќ и градоначалникот Кирил Пецаков. Тие упатија благодарност до Охриѓани за поддршката изразувајќи желба за повторна средба на истото место со нов трофеј.
Емотивна прослава на европската титула на ГРК Охрид на градскиот плоштад
Г.М.
Фото: А. Момироска





































