Навивачите на Вест Хем имаа емотивно збогување од својот стадион Аптон Парк на кој домашните мечеви ги играат уште од 1904 година. „Чеканите“ од следната сезона ќе се преселат на Олимпискиот стадион во Лондон.
Фудбалерите на Вест Хем со триумфот над Манчестер Јунајтед 3-2 само ја збогатија емотивната вечер во Лондон која и не започна баш најдобро за „црвените ѓаволи“.
Натпреварот започна 45 минути подоцна откако навивачите на Вест Хем го нападнаа клубскиот автобус на Манчестер Јунајтед кој ги носеше на стадионот.
Играчите на Јунајтед според сликите на социјалните мрежи воопшто не биле исплашени, напротив биле опуштени и сигурно бидејќи клубските автобуси во Англија се блиндирани.
Вест Хем со победа се збогува од Аптон Парк, Јунајтед пак од ЛШ (видео)
OhridNews