Драмата која во петокот се одвиваше во планинското село Горна Белица, имаше среќен крај. Благодарение на храбрите спасувачи од Црвениот крст, полицијата, ЦУК и граѓаните кои алармираа за случајот, 59-годишниот абански државјанин навреме беше извлечен од завеаната Белица.


Случајот  на бесплатниот телефонски број 195 на Центарот за управување со кризи го пријавил жител на с. Радожда, општина Струга, кој ги известил надлежните дека извесно лице Џ.Б. – државјанин на Р. Албанија, инаку мајстор – каменорезец кој бил ангажиран на работа  во селото Горна Белица каде патот е непрооден, веќе десет дена не се јавувал ниту имало било каква вест за него. Веднаш потоа РЦУК Струга и Охрид, во соработка со локалната власт на општината Струга и Охрид, МВР и Црвениот Крст од Охрид, отпочнаа акција за пронаоѓање на исчезнатото лице. Имајќи предвид дека патот за моторни возила е пробиен до с.Вишни, а од с. Вишни до с. Г.Белица во должина од 8 км. е непрооден, (со снежна покривка од околу 1м. ), спасувачка екипа составена од 5 лица од Црвен Крст од Охрид  2 лица од РЦУК Охрид и едно лице од МВР, се упатиле пеш до означената локација во Горна Белица. Спасувачката екипа успешно се пробила до Горна Белица, каде што го пронашла лицето во добра физичка и здравствена состојба и го  пренела до Струга.


Храбрите спасувачи го извлекоа албанскиот државјанин од завеаната Белица

OhridNews