Изградбата на новото болничко крило е завршена и во тек е внатрешно уредување и инсталирање на потребната опрема, со што и официјално ќе заврши модернизацијата на охридската општа болница која, ќе добие 5300 метри квадратни корисна површина, наменета за хируршкото одделение, урологија, гинекологија и уво грло и нос.

OhridNews „ѕирна“ во внатрешноста на новото болничко крило, што го градеше познатата градежна компанија „ВИА“ од Вевчани. Болницата изгледа европски, од самиот влез, па до најситните детали внатре.

 
За изградбата и опремување  на новото болничко крило, државата од буџетот ќе издвои 260 милиони денари.

Со модернизацијата и соодветното кадровско екипирање, целта е  болницата во Охрид да прерасне во регионален здравствен центар кој ќе опслужува и пациенти од соседните земји, пред се од Албанија.

Се очекува новите простории на општата болница наскоро да бидат ставени во употреба.

OhridNews
фото:„Мега продукција“