Силниот ветер кој го разбранува Охридското Езеро, во текот на вчерашниот ден долж крајбрежјето го исфрли целиот „срам“.
На кејот во централното градско подрачје, водите на езерото беа преплавени со најразличен комунален отпад, а дел доаѓа и од соседна Албанија.
Ваквата слика не е невообичаена за градот, ако се знае дека во само во текот на изминатиот викенд екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од брегот подигнаа 25м3 отпад.
Од јавното претпријатие апелираат дека е потребно е да се преземат конкретни мерки за заштита на езерскиот басен, бидејќи од година во година загадувањето се зголемува.
O.T.