Фудбалската школа “Фер Плеј“ на стадионот “Атина Бојаџи“ го прослави првиот роденден. Со коктел, торта и фудбал ги одбележаа првите чекори од школата во која моментално тренираат преку сто деца.


–  На почетокот имавме десет фудбалери но со тек на време полека оформивме едно големо семејство, кое во иднина мислам дека ќе се зголеми. Пред се сакам да му се заблогадарам на родителите бидејќи ми ја дадоа довербата да ги “учам“ нивните деца. Нивната желба и волја е моја инспирација повеќе да ги с проведам децата на правиот пат во животот – изјави еден од главните виновници за фудбалската школа “Фер Плеј“, Игор Настоски.


Низ текот на оваа година “Фер Плеј“ редовно учествува на турнирите во Скопје. Екипата имаше перфектен настап во Крагујевац, Србија додека наредна дестинација на “виолетовите“ е Драч, Албанија.

Мх.П.