Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги засили своите редови со младинскиот репрезентативец и доскорешниот играч на Карпош Соколи, Филип Бакоч.

21-годишниот кошаркар им се придружи на „галебите“ на претпладневниот тренинг и веднаш му се стави на располагање на охридскиот стратег, Петар Чочороски.

Бакоч шанса за деби во дресот на АВ Охрид ќе има во регионалната Втора АБА лига во вторник на дуелот со Крка во Словенија.

OhridNews