Финалниот меч од Фудбалскиот куп на Македонија ќе се игра во Штип на 2 мај , а не` на националната арена “Филип Втори“.


Се уште се работи на санацијата на стадионот, теренот и атлетската патека,така што ФФМ мораше да бара соодветна замена.

Ова нема да биде прв пат финалето да се игра во друг град, а не во Скопје. Досега домаќини беа Прилеп и Кавадарци, лани финалето се играше во Прилеп, а трофејот го освои Металург кој со 2-0 го совлада Тетекс.

Мх.П.