Како што потенцира градоначалникот Бакрачески, основната идеја е да и се помогне на локалната економија,да се изврши хоризонтално поврзување на сите субјекти во сферата на економијата- институциите, локалната самоуправа, експертската јавност по потекло од Охрид, бизнис заедницата и работодавците.
– Советодавното тело ќе функционира во рамки на локалната самоуправа и има за цел поврзување на овие структури, нивна меѓусебна комуникација и соработка се со цел економски раст на општината и отворање на нови работни места, рече градоначалникот Бакрачески.
Во советот учествува и Министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески,кој истакна дека како охриѓанец максимално ќе се вложи кон зголемувањето на вработеноста и странските инвестиции.
– Во Советот се луѓе со искуство, со идеи, и кои ќе вложат многу за економски развој и зголемување на вработеноста. Врз база на контакти со луѓе од целиот свет , целта е Охрид да се промовира како привлечно место за инвестирање, рече министерот Павлески .
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески,потенцира дека државата мора да гради посебна политика кон Охрид, како најголем бренд кој треба да го добие заслуженото место во Македонија и светот.
Азески додаде дека досегашната практика на раководење со градот мора да се промени.
– Охрид е дел од југозападниот плански регион кој има најголем број невработени 11,8%, повисока стапка на невработеност споредено со просечната стапка во Македонија. Во регионот се бележи помал бруто домашниот производ по лице отколку на ниво на Македонија, како и висока стапка на иселеност. Треба сите да се залагаат за оваа состојба да се смени. При тоа, да се решат неколку значајни работи како што се инфраструктурното поврзување на Охрид, повторната индустријализација на градот и координација помеѓу владата, локалната самоуправа и приватниот сектор.-рече Азески.
Советот брои 19 членови. Меѓу нив има експерти од повеќе области, актуелни вршители на јавни функции, угледни бизнисмени, академици.
1. Градоначалник на општина Охрид Никола Бакрачески – Претседател
2. Секретар на општина Охрид -М-р Димитар Спасески
3. Сашо Коруновски – Декан на Факултетот за туризам и Угостителство-
Завршил филозовски факултет на Универзитетот,,Св.Кирил и Методиј,, во Скопје
– магистер и доктор по историја на уметност и археологија
– редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство по културно наследство, заштита на културното наследство и историја на архитектура
– Декан на факултетот за туризам и угостителство
4. Кирил Колески –бизнисмен
– Дипломиран економист
– Сопственик на Жито Леб
– Сопственик на фирма Екстра Скопско
Претседател на Управен Одбор Ад Охрид Турист Охрид
5. Љупчо Андроски – бизнисмен
– Дипломиран економист
– Работел 10 години во Отекс Охрид
– 20 години работи во Андрос Охрид
6. Борче Нечкоски – Бизнисмен
– Сопственик на ,,Маеми “ Охрид, фирма со која го освојува пазарот на конзервиран зеленчук и овошје во Македонија и со своја продажна мрежа во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
– Сопственик и на фирмата ,, Мони-Трејд,, Охрид
7. Зоран Михајлоски – Менаџер
– Завршил Правен факултет
– Работел на Охридскиот аеродром
– сега Менаџер на Хотел Метропол Охрид
8. Глигор Каневче-Академик
– Завршил Машински факултет во Белград
– Докторска дискретација одбранил на Техничкиот факултет во Нови Сад
– Работел во институт за нуклеарни науки,, Борис Кидрич,, во Винча
– Работел како асистент на машински факултет во Белград
– Работи како професор на Техничкиот факултет на Универзитетот,, Св.Климент Охридски,, во Битола, каде станува и раководител на постдипломски студии по процесно инжинерство каде бил и Декан
– член на МАНУ
9. Петар Теговски –
– Завршил правен факултет
– Директор на дирекција за правни работи во Охридска Банка
– Сега член на Управен Одбор на Социете Генерал Гроуп
10. Стефан Буџакоски
– Доктор на правни науки на Универзитето,, Св.Кирил и Методиј,, Скопје
– Работел во МВР како началник на секторот за внатрешни работи Охрид
– Професор на факултетот за правни науки на ФОН
– Декан на факултетот за правни науки на ФОН
11. Бил Павлески
– Американски и македонски бизнисмен и министер за странски инвестиции без ресор во Владата на РМ од 2011.
– Дипломирал електро факултет на Стате Университѕ Нењ Ѕорк-Бингхамтон, магистер за компјутерски науки на Нортхеастерн Университѕ-Бостон и магистер за бизнис менаџмент на Харвард Университѕ-Бостон
– Бил вработен во американска мултинационална информатичка технологија Хењлетт-Пацкард Цомпанѕ (ХП), со седиште во Пало Алто, Калифорнија.
– Активен претприемач во Харвард-МИТ Ентепренеурсхип Социетѕ, и е поврзан со фонд за ризичен капитал за почетни инвестиции во Бостон.
– Член е на Харвард Фацултѕ цлуб.
12. Бранко Азески
– Завршил правен факултет
– Работел во Слобода –Охрид
– Директор на Хотел ,,Александар Палас,,
– сега Претседател на Стопанската Комора на Република Македонија
13. Ангел Јанев
– Електро инжинер
– Сопственик на приватно училиште Пи –Си
– Советник во советот на Општина Охрид
14. Климе Шешо
– Завршил машински факултет Скопје
– Работел во Емо –Охрид 3 години, во Отекс –Охрид 17 години и 12 години во сопствена фирма ,,ШЕШО ИНЖИНЕРИНГ “ која успешно работи и денес
– Советник во совет на Општина Охрид
15. Ацо Попоски
– Завршил електро факултет Скопје
– Работел во Слобода – Охрид и повеќе од 15 години во сопствена фирма ПАП односно Железник во Демир Хисар – фабрика за лиени делови
– Советник во советот на Општина Охрид
16. Јован Стојаноски
– Завршил економски факултет Скопје при Универзитетот,,Св.Кирил и Методиј“, доктор по меѓународен туризам и маркетинг менаџер.
– Вонреден професор на Факултетот,, Св.Климент Охридски“ и Факултетот за туризам и угостителство Охрид.
– Советник во советот на Општина Охрид
17. Дејан Блажески
– Завшил економски факултет при Универзитетот,,Св.Кирил и Методиј,, Скопје
-докторант од областа на економските науки
– колумнист
– советник во советот на Општина Охрид
18. Кирил Трендафилов-Нанче
– По професија електро инжинер и магистер по деловна администрација
– Работел во Македонски телекомуникации и како менаџер на компанија која функционирала на меѓународен план
– Сега директор на Близоо Македонија
19. Тане Николоски
– Завршил правен факултет
– работел како адвокат
– работел во осигурителна компанија ЗОИЛ Македонија
– сега приватен бизнисмен и сопственик на приватна фирма “ЦИП продукт“.