Охридските бели на невообичаен начин го изразија својот револт кон управата на клубот која повеќе од седум месеци не им ги исплатила нивните премии и плати. Фудбалерите на Охрид, на натпреварот со Тетекс по почетниот свиреж на  судијата Мантев, наместо да играат седнаа на тревата на градскиот стадион.


Исто така пред стартот на мечот, фудбалерите се појавија со маички “Управа, одете си!“ со што јасно им ставија на знаење на челните луѓе на клубот што мислат за нив. 


Илјадната публика која дојде на стадионот во Охрид, со аплауз го поздрави ваквиот гест на фудбалерите.

М.П.