Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги започна подготовките за новата сезона во македонската кошарка. „Галебите“ работат во полна пареа и тренираат два пати на ден под водство на новиот тренер Марјан Илиевски.

Кошаркарите базичните подготовки ќе ги одработат во Охрид а веќе имаат потврдено учеството на мини турнир во Ботев град во соседба Бугарија. Потоа со низа контролни средби со екипи од Македонија ќе се избруси формата до почеток на новата сезона.

Од минатата година во ростерот останаа само капитенот Антонио Донески и Петар Бојоски, а другите се сите нови играчи кои допрва ќе треба да го покажат својот квалитет.

Возбудувањата во Првата лига би требало да почнат во првиот викен од октомври месец.

OhridNews