Охриѓани и гостите спас од високите температури наоѓаат во Охридското Езеро.
Сместено на близи 700 метри надморска височина помеѓу планините Галичица и Јабланица, ова природно езеро со исклучителна ендемичност одушевува со својата убавина и потенцијал. На суп даски, во кајаци, кајчиња, педалинки, катамарани, глисери, едрилици, бродови… деновиве сите сакаат на Езеро. Да уживаат и да се разладат во чистите охридски води.
Ова парче од рајот заборавено на земјата плени со својата уникатност поради која е прогласено за светско природно наследство заштитено од УНЕСКО – најголемо универзално признание за вредностите на една природна реткост каква што е Охридското Езеро.
Г.М.