На пригоден настан што се одржа вечерва во дворот на училиштето, свечено им беа доделени дипломите на матурантите од средното општинско училиште „Св. Климент Охридски“  – Охрид. Исто така на најуспешните матуранти им беа врачени пригодни награди и признанија.

Честитки до матурантите упатија директорката на училиштето Светлана Велкоска и заменик градоначалникот на Охрид Перчо Божиноски, кои им посакуваа многу поголеми успеси во текот на нивниот живот.

Свечено врачени дипломите на матурантите од охридската гимназија

OhridNews
Фото: Ива Јовановиќ