Во финалето на Ф4 турнирот што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид, Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 31:27, полувреме 17:14.

Мечот се одигра во одличен амбиент во  присуство на навивачките групи на двата тима. Вардар имаше подобра енергија, го контролираше натпреварот во целиот тек и сосема заслужено стигна до победата.

Најефикасни во редовите на победникот беа Јагуриновски и Крсманчиќ со по 6 гола. Кај Еурофарм Пелистер Манасков постигна 7 гола.

За Вардар ова е 17 титула во Купот на Македонија.

Г.М.
Фото: А. Момироска