25 години, Куба Либре во Охрид е повеќе од угостителски бренд. Ова култно место со единствен поглед на стариот град, е симбол на забава и незаборавни ноќи на брегот на Охридското Езеро поради што четврт век е омилено на охриѓани и посетителите.

Под волшебната светлина на полната месечина „Куба Либре“ синоќа пулсираше во латино ритамот на Педрито Калво Џуниор и оркестарот, познати низ целиот свет по нивната страсна изведба на кубанска музика. Со нивната енергија, тие ја трансформираа ноќта во извонредна прослава на која никој не остана рамнодушен.

Роденденската атмосфера на плажата „Куба Либре“ ја овековечи фотографката на Ohridnews, Анамарија Момироска.

На здравје за Куба Либре – каде што ритамот никогаш не запира, а спомените никогаш не бледнеат!

Фото: А. Момироска
OhridNews