Пријатели, блиски соработници, деловни партнери и гости на гала настан што се одржа синоќа, го збогатија отварањето на новиот ексклузивен ресторан „The Great“ во месноста Горица (Голден бич) Охрид.

Отварањето на „The Great“ беше „зачинето“ со добра забава и огномет на Охридското Езеро.

Лоциран на езерскиот брег, со прекрасен поглед на Охрид, „The Great“ нуди едно поинакво гастрономско доживување кое дефинитивно ќе биде додадена вредност на охридскиот туризам ова лето.

Со гала вечер отворен новиот ексклузивен ресторан „The Great“ во Охрид

„The Great“ во Охрид,  е втор ресторан во светот под овој бренд. Првиот веќе успешно работи во Швајцарија, а по Охрид „The Great“, инспириран од Александар Македонски (Alexander the Great), ќе го освојува Дубаи.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски

„Тhe Great“- нов ексклузивен ресторан во Охрид