На пригоден настан што се одржа вечерва во дворот на училиштето, свечено им беа доделени дипломите на матурантите од средното општинско училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид. Исто така на најуспешните матуранти им беа врачени пригодни награди и признанија.
Честитки до матурантите упатија директорката на училиштето Светлана Велкоска и заменик градоначалникот на Охрид Перчо Божиноски, кои им посакуваа многу поголеми успеси во текот на нивниот живот.
Свечено врачени дипломите на матурантите од охридската гимназија
OhridNews
Фото: Ива Јовановиќ