Вљубениците во автомобилите синоќа уживаа во третото издание на „Night Car Show“ што се одржа на просторот на поранешната касарна во Охрид, во организација на „Urban Street Car Club Ohrid“.
Изложение беа добро сочувани, како и модифицирани автомобили од разни генерации од земјава и надвор од неа.
Посетителите уживаа во експонатите и забавата исполнета со многу содржини и богата програма.
Натретото издание на 3-то „Night Car Show“во Охрид изложени беа околу 130 возила, во најголем дел од земјава, како и од Србија, Бугарија и Чешка.
Г.М.
Фото: А. Момироска