Вчера вечер, на игралиштето „Стобекс“, се одржа четвртиот „Час на љубовта и другарството“ на кој децата од околните населби освен да се социјализираат и забавуваат, имаа можност да се запознаат и со некои интересни историски факти, кои ги презентираше организаторот, јутубер и „Даскал“, Вик Какаротски.
Социјализацијата е еден од најважните фактори за здрава и просперитетна младина што се докажува на овие offline часови. Децата сакаат игра смеа анимирање а најмногу да се дружат со врсници. Покрај тоа, на овој час имавме и погодување на историски личности значајни за Охрид и Македонија. – изјави за OhridNews организаторот на настанот, Вик Какаротски.

Нашата порака е јасна љубовта и другарството треба да се негува а ние на нашиот час во Стобекс тоа го правиме бидејќи сме како едно големо семејство и без мене како аниматор и Даскал (како што ме викаат) и во обичен ден децата се тука растрчани на игралиште. Ако не се воведат нови мерки продолжуваме следната сабота со 5тиот час на Љубовта и Другарувањето. – рече Вик Какаротски.
OhridNews
Фото: А.Момироска





























