Посебен шмек на натпреварот Охрид – Пелистер кој требаше да биде дерби во 4-то коло од Втoрата фудбалска лига, му дадоа навивачките групи „Рибари“ и “Чкембари“, кои за разлика од мечот, кој беше се само не неизвесен (1-5) имаа многу поинтересен дуел на трибините.

Натпреварот помеѓу Охрид и Пелистер по подолго време ја привлече публиката на „Билјанини извори“ во поголем број, но домашните одиграа меч за заборав во кој заслужено беа совладани од гостинскиот тим, кој покажа поголемо фудбалско знаење и заслужено ги однесе трите бода од Охрид.

OhridNews
Фото: А. Момироска