Околу 70 дечиња, поделени во две возрасни категории се дел од проектот „Детска атлетика“, во склоп на Атлетскиот клуб Охрид трчаТ. Со дечињата на тренинзите работат професори по физичка култура и општество, кои целото своето знаење несебично го пренесуваат на дечињата, кои уште од мали нозе ги откриваат тајните на кралицата на спортовите.

Да бидеме искрени, неочекувано огромен интерес покажаа охридските деца кон атлетиката како спорт. За само еден месец бројката достигна до 70 членови. Исто така изненадени сме и од потребата за физичка активност на децата. Сите знаеме колку пасивен беше изминатиот период за нив,особено онлајн наставата и неможноста за надворешни активности и дружење. Се надеваме дека во иднина ќе го заджиме интересот, преку креирање на правилно насочени активности и Охрид Трчат, детската атлетика ќе претставува база за правилен развој на моторните способности на децата, – изјавија тренерите од „Детската атлетика“.

Тренинзите во „Детската атлетика“ се одвиваат секој вторник и четврток на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“. Повеќе информации околу запишувањето и активностите може да погледнете на Ohridtrcat.mk.

OhridNews