Со строги мерки и протоколи за натпреварувачите, без тренери на теренот и публика на трибините, денеска, во Охрид започна новата сезона во македонската атлетика во време на пандемијата на вирусот ковид -19.

Натпреварувачите со својата волја и желба за подобар резултатот не дозволија „кралицата на спортовите“ да го загуби сјајот. Сите атлетичари во вкупно 22 дисциплни дадоа се од себе и наговестија добра сезона во македонската атлетика.

Дел од првиот настан во новата сезона во „кралицата на спортовите“ беа атлетичарите од охридските клубови „Охрид“ и „Охрид трчаТ“. Атлетската федерација на Македонија (АФМ), дополнително ќе ги соопши имињата на победниците и најдобрите натпреварувачи од митингот „Отворање на сезоната 2020“.

OhridNews