Ракометарите на Охрид, успешно ја завршија мисијата во средбата со Металург 2 победувајќи со 32-27. „Гладијаторите“ одиграа онолку колку што им беше потребно за победа и зачуваа сили за дерби средбата со Пролет в недела на која навивачката група „Рибари“ ќе го прослави јубилејниот 30-ти роденден.

Тимот на Пролет е голем должник на охридскиот состав. Овој шампионат единствено Пролет славеше против Охрид а сметки за расчистување има од минатата сезона кога „пролетерите“ ги претркаа „гладијаторите“ во борбата за плејофот.

Активностите за големата роденденска прослава на „Рибарите“ започнаа минатиот викенд со караванот со автомобили низ Охрид а продолжува викендов. В сабота, Охрид ќе гори а в недела е главната прослава.

Мх.П.