Во прекрасниот амбиент на ресторан “Острово”, покрај изворите на Дрим во Св. Наум, вчера вечер гала концерт одржа познатиот балкански музички уметник Жељко Самарџиќ.

фото: Емил Јовановиќ

Непосреден со публиката и добро расположен, Жељко Самарџиќ во еден здив го отпеа двочасовниот концерт, на кој ги изведе неговите најпознати хитови: „Грлица“, „Сипајте још један виски“, „Ја те волим више (9000), Безобразно зелене“, „Све је моје твоје“ и многу други.

Публиката во еден глас заедно со Жељко ги пееше познатите рефрени и уживаше во неговиот настап. По завршувањето на концерот на Жељко Самарџиќ забавата продолжи со настап на популарниот охридски бенд „Броз“.

Г.М.
Фото: Емил Јовановиќ

Фото галерија: