Од 11 до 17 јануари, Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ во соработка со Туристичката агенција Глобус травел го организираше третиот по ред Зимски камп за деца и родители. Оваа година 60 деца и родители беа дел од едно незаборавно доживување исполнето со многу скијање, дружење, едукација и забава.

Успешната приказна „Зимски камп“, Асоцијацијацијата за спортови заедно со Глобус травел ја започна во 2018 година кога за прв пат го организираа новиот спортски проект. Третиот камп ги надмина сите очекувања кај организаторите кои ветуваат многу новитети и изненадувања за следниот четврти камп.

Со организација на Зимскиот камп за деца и родители започнавме од пред три години и од година во година се поголем број на учесници имаме како кај децата така и кај родителите што особено не радува и мотивира да продолжиме и понатака уште поорганизирано и поамбициозно. Ние како организатори се обидуваме да им понудиме можност како на сите деца на возраст од 7 до 14 години така и на сите родители, да се запознаат со убавините на скијањето и при тоа да се дружат, забавуваат, едуцираат, стекнат нови пријателства и секако да делуваат кон нивниот севкупен човечки развој.

Ние како организација од самиот почеток сакаме да им го доближиме скијањето на охриѓаните и на таков начин да делуваме во насока на се поголемото прифаќање на зимските спортови како кај децата така и кај возрасните. Покрај ова со многуте активности за време на сите денови на кампот ние се обидуваме да им дадеме една поинаква слика како на децата така и на возрасните во поглед на дружењето, едукацијата, самодовербата, осамостојувањето, позитивната енергија и заедништвото.

Ако на кратко ви опишиме еден ден за време на кампот, будење и подготвување за на стаза, 5 часовно скијање со пауза за ручек, одмор, пливање и дружење во вода, вечера, социјални активности и социјализација, вечерни активности (забавни игри, маскембал, избор на талент, музика и пеење, Василица) ќе видите дека навистина делуваме во насока на сето горенаведеното. 

Посебно како организација ни е мило што и оваа година десетици деца и родители ги совладаа почетоците на скијањето и на таков начин за нив незамисливото стана реално. За нас тоа се најсреќните моменти за време на кампот и искрено се надеваме дека од година во година се повеќе и повеќе охриѓанчиња и охриѓани ќе го доживуваат истото. – изјавија за Ohridnews од Асоцијацијата.

OhridNews