Сместен на атрактивна локација на брегот на Охридското Езеро, на кејот „Македонија“, новоотворениот хотел „Su“  е додадена вредност на туристичката понуда на Охрид. Покрај сместувачкиот капацитет од 18 соби, кој оваа есен ќе биде зголемен речиси двојно, во склоп на хотелот „Su“ работат два ресторани. Концептуално и модерно уреден урбан ресторан на приземјето и класичен ресторан на потпокривот со прекрасен поглед на градот и езерото.

Урбаниот ресторан „Liquid Kitchen & Bar“ има капацитет од 140 седишта, додека „Su Rooftop Restaurant“  располага со 50 седишта.

Во урбаниот ресторан, со специјално дизајниран ентериер, секој ќе може да ужива во омилениот пијалак, јадење или десерт, односно по негова желба. Во вечерните часови урбаниот како и класичниот ресторан ќе работат по принципот на резервација, а се во интерес на добрата услуга, велат од хотелот „Su“.

Она што го издвојува новиот хотелски комплекс е кафето, кое е од сопствено производство, што го прави ова место уникатно.

Хотелот ќе работи по принципот „bed & breakfast“, а во понудата има полупансионски и пансионски услуги. Нуди четири видови на соби, дабл, супериор, класик и смарт, кои се последен збор на технологијата, што е новитет на овие простори.

Хотелот „Su“ е дел од Холдингот „Su“ под чии закрила работaт и брендовите Ликвид, Објектиф, Бар флај и новите два концепти „Burger Beer Bar“ и печилницата за кафе „Rostery“.

Официјално хотелот „Su“ беше отворен вчера. На отворањето присуствуваа голем број гости, меѓу кои и многу познати личности. Атмосферата од отворањето ја долови фотографот Кристина Затуроска – Кики Муки.

Фото галерија: